🚩🏎🏁🏎 …. Audi го напушта DTM шампионатот

ОБЈАВЕНО НА:

По завршувањето на оваа сезона, Audi и официјално ќе го напушти DTM (Deutsche Tourenwagen Masters) шампионатот, потврдуваат од страна на производителот.

Маркус Дизман од Audi наведува дека оваа одлука е во целост компактибилна со стратешката насока на Volkswagen Групацијата која уште минатата година донесе одлука да ги напушти сите спортски програми засновани на мотори со внатрешно сокорување.

Новата сезона од овој шампионат требаше да стартува во март, но поради коронавирусот истата е презакажана за во јули. Ќе се возат 10 трки, а покрај Германија, домаќини ќе бидат уште и Белгија, Велика Британија, Холандија и Италија.

По напуштањето на Audi, иднината на ова натпреварување кое за прв пат е воведено во 2000 година останува под знак прашалник, бидејќи единствен учесник ќе биде тимот на BMW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK