Околу 1500 сопственици на возила Ferrari ќе мора да се појават на сервис бидејќи е утврдено дека им се вградени воздушни перничиња од компанијата Takata, која ја бие лош глас.
Станува збор за неколку сериски модели во California. Се работи а 458 Italia (вклучувајќи го и Spider), потоа моделот FF и F12 Berlinetta.
Кога се во прашање воздушните перничиња од Takata, после активацијата може да дојде до ефект на шрапнел, кој може дополнително да ги повреди патниците во возилото.
Уште се утврдува ситуацијата со моделите на Ferrari од 2016 и 2017 година, а како стојат работите сè поизгледно е и дополнителни 2800 сопственици да бидат повикани на сервис.
Ако и вие имате Ferrari од овој тип тогаш најдобро е да се јавите на сервис.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]