Со какви автомобили располага Федералната полиција на Германија?

ОБЈАВЕНО НА:

Федералната полиција (Bundespolizei скратено BPOL) е основана на 1 јули 2005 година како полиција која функционира на федерално ниво во Германија.

Полицајците кои се дел од оваа структура имаат привилегии да возат доста моќни автомобили па оттука важи за една од полициите во Европа кои возат најмоќни автомобили.

Најголем дел од автомобилите се од домашно производство. Така тука доминира серијата 5 на BMW и тоа во седанска и караванска изведба. Тука е и VW Golf како и VW Passat, а оваа полиција е препознатлива по Volkswagen Transporter.

Тука е и SUV гамата составена од Porsche Cayenne, VW Touareg, Mercedes GLC и Land Rover Discovery.

Од останатите возила тука се и: Volvo V60, Mitsubishi Outlander, Ford S-Max, Mercedes B Klass…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK