Главната сметководителка на дилерскиот центар на BMW во градот Дариен (Конектикат) украла 1,1 милион долари со кои водела луксузен начин на живот, но и си купила автомобил од друг бренд. Дамата е задржана и ќе остане зад решетки поради ова.
Ванеса Винс-Смол успеала успеашно да ги прикрива работите доста долго време и тоа од октомври во 2014 до јуни во 2017 година. Дамата добива прилично добра плата од 150.000 долари годишно и имала право да користи службен автомобил BMW, но тоа и се причинило малку. За близу три години извршила дури 65 неоправдани електронски трансакции од сметка на компанијата кон лична сметка и притоа украла 904.659 долари.
Покрај тоа сметковидителката издала 28 лажни чекови со износ од 297.778 долари, а со нив си ги плаќала личните трошоци. Покрај тоа Ванеса си напишала и чек од 31.452 долари како компензација за трошоци од кредитната картичка. Со парите жената купувала модерна облека и техника, направила пластични операции и одела на одмори во Австралија, Мексико, Хаваи и Јамајка. Покрај тоа и целосно го реновирала својот дом.
Најубавото во целата историја е што место да го вози службеното BMW, 50-годишната сметководителка си купила целосно нов Ford Mustang. Во исто време компанијата одела во загуби и ослободувала персонал за да не влезе во криза. Винс-Смол ги убедувала шефовите дека кризата е привремена и дека наскоро ќе се решат работите.
На крајот била уапсена, откако окружниот суд во Њу Хевен се произнесол со пресудата од 30 месеци затвор. Тоа е доста лесна казна, со оглед на тоа што по некои точки од пресудата може да добие казна и до 20 години затвор. Уште повеќе, што за време на истрагата се покажало дека Ванеса имала слични „грешки“ и во минатото додека работела како дилер на Honda. Тогаш нејзините работодавачи претпочитале да ја отпуштат и да не се занимаваат со суд.
Адвокатот на Винс-Смол настојувал на условна казна, со оглед на тоа што тврдел дека жената не е престапник туку човек со емоционални и психолошки проблеми, кои ја натерале да ги направи престапите. Судијата бил категоричен, а Ванеса треба да ја издржи целата казна.