Компанијата Skoda успеа да забележи одлични резултати во април, а бројките се рекордни за произведувачот на автомобили од Чешка. Се работи за испорачување на над 100.000 возила што се случува првпат во историјата на компанијата.
Април минатата година со ова беше надминат за 10,1 процент бидејќи годинава имаше 107.100 купувачи ширум светот. Најголемиот дел од возилата се испорачани во Кина. Се работи за дури 28.000 возила, а пазарот во оваа земја станува сè поинтересен за компаниите од Европа.
Во однос на поединечните пазари низ Европа, Skoda со најголем пораст продава во Холандија (+47,9 проценти), Романија (+44,7), БиХ (+43,6), Бугарија (+24,1), Шпанија (+21), Русија (+17,8)…