Идните сопственици на новиот Mercedes AMG Project One ќе треба да издвојат за овој модел најмалку 2 милиони евра, но нема да можат да очекуваат тој да трае вечно.
Според Тобијас Моерс, шефот на AMG оделот, овој дериват на 1.6 литарски турбо шест цилиндричен мотор од Формула 1, има век на траење од само 50.000 км.
„Знаеме дека векот е околу 50.000 км. Тоа е ОК за нас. Сметам дека е сосема доволно. Тоа е животниот век на моторот. Потоа се прави истото како во тркачките возила. Но, не треба да имате Ф1 тим, не ви треба специјално гориво. Само го притиската копчето и моторот се вклучува“, изјави Моерс.
Но, за многу помалку пари може да се купат возила со мотори што ќе издржи многу подолго. Планирано е 275 примероци да бидат произведени, а сигурно они ешто ќе ги купат нема да го надминат животниот век на моторот, или пак се доволно богати да не размислуваат за тоа.
Конечната сила што ќе ја испорачува возилото би требало да биде речиси 1.000 КС и со можност да има и повеќе од 10.000 вртежи во минута. Силата ќе биде на сите тркалат, а н апредните оски ќе има електричен мотор. Шасијата треба да биде со јаглеродни влакна, и ќе може да се движи до 25 километри на електричен погон.
Изгледот на возилото би требало да биде познат на саемот во Франкфурт есенва, а во средината на 2018 година се и првите испораки.