Што возат италијански карабинери?

ОБЈАВЕНО НА:

Карабинерите се најпозната полициска единица во светот. Популаризацијата на оваа италијанска полиција која е под команда на Армијата беше след на неколку околности. Голема привлечност предизвика и возниот парк на оваа полиција која беше неизоставен дел од количките на Bburago.

Возилата на Карабинерите се познати и под називот “газели”, а ако во минатото доминираа автомобилите произведени во Италија, денес нивните гаражи се многу повеќе разнолики.

Alfa Romeo 159 и Alfa Romeo Giulietta се неизоставен дел од оваа полиција. Карабинерите ги имаат и најмоќните примероци од новата Giulia, а од постарите возила, во нивната гаража може да се најдат Lancia Kappa, Lancia Thesis, Fiat Grande Punto…

По Alfa Romeo, Land Rover e вториот бренд со најмногу модели во гаражата на Карабинерите. Британскиот бренд е застапен со моделите Freelander, Defender и Discovery.

Од останатите модели, во гаражата на италијанската полиција место има и за Subaru Forester, Lotus Evora, Hummer H1, Jeep Renegade, Jeep Grand Cherokee, Mitsubishi Pajero, Mitsubishi i-MiEV, Isuzu D-Max, Renault Clio, SEAT Leon и Suzuki Jimny.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK