По низата шпекулации за тоа дали ќе продолжи производството или не, сепак на крајот моделот GTC4Lusso заминува во историјата.
Првите шпекулации за ова ги подгреа еден дилер во САД, но потоа италијанските медиуми пишуваа дека нема да има крај за моделот, за сега и официјално од Маранело да ја потврдат информацијата.
“Во согласност со нашата петогодишна стратегија и стандардниот животен циклус на производите на компанијата, Ferrari постепено ќе го укинува производството на GTC4Lusso i GTC4Lusso T” стои во соопштението на производителот.
Инаку овој модел за прв пат во понудата е воведен во 2016 година. Дизајнот на истиот е дело на Флавио Манцони, од стилскиот центар на Ferrari. Италијанскиот производител година подоцна ја воведува и T верзијата на овој модел.
Намалувањето на производството веќе е започнато, а во целост ќе заврши во првиот квартал следната година.