Седум правила за сладирање на гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Правилното складирање на гумите после замена на зимски со летни и обратно е многу важно за векот на истите. Тоа е далеку поважно отколку што на некого му изгледа на поглед. Доколку гумите не бидат правилно складирани нивните карактеристики можат да се влошат, а рокот на нивното траење ќе се скрати.

Оттaму германскиот производител Continental дава неколку корисни совети, а доколку истите се почитуваат ќе им се овозможи на гумите да се задржат што е можно подобро за време на неколкумесечниот „одмор“.

1.На прво место гумите треба да бидат измиени со помош на препарат, вода и четка. Дoколку се со бандажи и тие треба да се исчистат и потоа и да се исушат.

2.Гумите во никаков случај не треба да бидат третирани со заштитни раствори. Смесите од гума располагаат со доволно ефективна заштит против влијанието на животната средина. Непотребната хемија повеќе би им наштетила отколку да ги зачува.

3.Во идеален случај гумите треба да се спакувани во херметички затворени пластични кеси и тоа секоја посебно. Кесите мора да бидат суви. Од Continental советуваат воздухот да се извади со правосмукалка. Херметичката амбалажа спречува испарување на маслата од гумената смеса.

4.Гумите никогаш не треба да се оставаат под дејство на директна сончева светлина и топлина. Со други зборови, чувањето на балконот без покрив е многу непрепорачливо.

5.Гумите не треба да се оставаат непокриени, туку треба да бидат во ладна просторија без течности и пристап на сончевите зраци. Добро би било и температурата да е константна, а изворите на топлина да бидат колку е можно пооддалечени.

6.Озонот има штетен ефект врз мешавините од гума. Гумите треба да се чуваат подалеку од електрични уреди како што се генератори, компресори, прекинувачи и пумпи.

7.Од Continental препорачуваат складирање на гумите во вертикална положба бидејќи оптоварувањето на конструкцијата е најниско. Хоризонталната положба е препорачкива само ако гумите се со тркалца.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK