Се затвора музејот на Chrysler во Мичиген

ОБЈАВЕНО НА:

Важи за еден од најдобрите музени во Америка, но и покрај тоа истиот мора да биде затворен. Таква била одлуката на Серџо Маркионе, директорот на FCA групацијата.

Музејот е отворен пред 2000 година, но никогаш не успеал да привлече доволно посетители. Причината е што се наоѓа на половина час возење од Детроит, што сепак не е привлечно за обичните туристи.

Музејот се наоѓа во седиштетот на FCA во Мичиген, и има 65 возила од овој бренд од минатото и сегашноста, како Chrysler, Dodge, Ram, Jeep, Plymouth, Eagle, AMC, Nash, Hudson и Rambler.

Колекцијата останува во сопственост на компанијата, но возилата ќе бидат прикажувани на одредени локации, но веројатно ретко во ист број и на исто место. Просторот ќе се искористи за административни простории за компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK