Пролет е обично периодот кога се одржуваат најголем дел од аукциите. На последната во низа аукции, централно место зазема тркачкиот автомобил Subaru Impreza S10 WRC со кој се прослави Петер Солберг.
Се работи за автомобил кој го возеше легендарниот Норвежанец во 2004 година на трката во Јапонија на која и победи. Трката во Јапонија беше една од последните откако претходно славеше на 11 етапи.
Автомобилот од сегашниот сопственик е целосно реставриран и покрај поновата година на производство. Заменети се бројни делови како резервоароат за гориво, сопирачките, плочките, а направени се помали зафати и на каросеријата.
Аукцијата за овој автомобил е закажана за 28 мај годинава, а очекуваната продажна цена се движи помеѓу 540.000 и 640.000 американски долари.