Италијанската компанија Automobili Estrema официјално го претстави новиот хиперавтомобил именувaн како Fulminea. Овој хиперавтомобил доаѓа на целосно електричен погон составен од четири електромотори.
Благодарение на истите, продуцира максимални 1.500 kW односно 2.040 КС. Во соопштението на компанијата се наведува дека забрзувањето до максималните 320 км/ч изнесува нешто помалку од 10 секунди.
Во однос на димензиите, овој автомобил е со должина од 4.683 мм, ширина 2.052 мм и висина од 1.148 мм. Вкупната тежина изнесува 1.500 кг, а се наведува и дека со едно полнење овој автомобил може да помине до 520 км.
Во производство ќе се појави следната година, а ќе се произведува во Модена. Ќе бидат произведени вкупно 60 примероци, а секој од нив ќе се продава по цена од 1.961.000 евра, без вклучено ДДВ.