Сам свој мајстор: Си направи гигантски теренец од стар Mеrсеdеs С-Klаssе

ОБЈАВЕНО НА:

Стар Mеrсеdеs-Bеnz С-Klаssе W203 бeшe претворен во вистинско чудовиште со висока проодност. Како што може да се види и од фотографиите, клиренсот на возилото е толку импресивен што може да се направи и пикник на висока надморска височина.

Според сопственикот, возилото е преработено (може да се каже и склопено) целосно на рака. Во основа на интересното офроду комби лежи пларформата од ГAЗ 66, додека за каросеријата и внатрешноста е користен веќе споменатиот Mеrсеdеs.

За жал нема видео, кои би ги покажало офроуд можностите на ова превозно средство, но со оглед на тоа дека се има предвид погонот на четирите тркала, моќноста (215 коњски сили, како што пишува сопственикот) и просветлувањето, нема сомнежи дека овој домашно направен теренец е способен за многу подвизи надвор од асфалот.

Меѓудругото возилото веќе се продава. Сопственикот е подготвен да се раздели од него за 18.000 долари. Многу или малку? Сè е многу релативно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK