Кинеските автомобили иако денес се значително подобри отколку пред 15–20 години, сепак остануваат ранливи на рѓа во руските услови. Русите имаат податоци според кои првите знаци на корозија можат да се појават по само 3–4 години возење во сурови руски зими, особено поради влага, температурни разлики и соли на патиштата.
Во полусуви и потопли региони, на пример со почисти патишта, рѓата може да се јави многу подоцна – дури по 7–8 години.
Проблемот е во тоа што кинеските фабрики често штедат на антикорозивна заштита. Вообичаено се обработуваат само споевите на металот и местата на заварување, додека внатрешните делови на каросеријата – прагови, врати, носачи и рамки – остануваат незаштитени. Токму таму најбрзо се појавуваат „џебови“ на корозија.
Русите ги советуваат своите купувачи: веднаш по купување на нов автомобил се препорачува целосна антикорозивна заштита, вклучително и на скриените шуплини.
Податоците покажуваат дека кинеските автомобили стануваат сè поприсутни на рускиот пазар: од јануари до август 2025 се регистрирани 424.700 нови возила од 64 различни брендови. Од нив, 34 марки работат официјално со дилерска мрежа и гаранција, додека останатите пристигнуваат преку алтернативен увоз.









