Русите покажаа мотор на водка

ОБЈАВЕНО НА:

Научниците од Националниот истражувачки универзитет „Сергеј Корољов“ од Самара, изработија мотор, кој работи на 40-процентна смеса од етилов шпирт и дестилирана вода. Сетот е дизајниран за маневрирачкиот нано сателит SamSat-M.

Малата молекуларна маса на водата дозволува високи брзини на проток на пареа и висока брзина на маневрирање. Шпиртот спречува замрзнување на моторот при ниски температури во орбитата на земјата. Покрај тоа смесата не може да се самозапали, не е токсична и не нанесува оштетување на околината.

Според авторите на проектот користењето на водено-алкохолниот мотор ги шири можностите на вселенските апарати од нано класа. Групите од такви сателити можат да решаваат редица на практични задачи како проучување на геофизички полетувања, термосферата и јоносферата на Земјата за прогнозирање на стихијни катастрофи, како и за идентификување на астероидни закани и да го проверат статусот на вселенските бродови во вселената.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK