Renault има новитет, го најави Koleos (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault ги откри првите детали за верзијата од 2021 година на СУВ моделот Koleos, а веќе се примаат резервации за купување во продажните места на брендот.

Некои од главните новини кај Renault Koleos 2021 се поврзани со новaтa и целосно LED верзија на предните и задните светла кај сите верзии на моделот бидејќи за предните од францускиот бренд коментираат дека ветуваат за 25% подобра осветленост во споредба со класичните халогенки, како и за 10% подобра енергетска ефикасност.

Кај варијантите на опремување од Intens нагоре, обновениот Koleos доаѓа со динамични задни трепкачи, како и со нов кожен тапацир Riviera Camel, кој е комбиниран со дрвени орнаменти по панелите на вратите и предната табла. Дизајн новитет исто така е и надворешната шема на бои Highland Grey.

Renault Koleos 2021

Oбновениот Koleos доаѓа со динамични задни трепкачи, како и со нов кожен тапацир Riviera Camel, кој е комбиниран со дрвени орнаменти по панелите на вратите и предната табла. Дизајн новитет исто така е и надворешната шема на бои Highland Grey. Renault Koleos 2021 ветува и подобрено однесување на патот надвор од стандардните патишта, а за оваа цел се смета на системот за потпомагање со спуштањето Hill Descent Control (опсег на работа 5-30 км/ч), која се нуди како дополнителна опрема кај верзиите на СУВ моделите со погон на сите четири тркала.

Renault Koleos 2021 ветува и подобрено однесување на патот надвор од стандардните патишта, а за оваа цел се смета на системот за потпомагање со спуштањето Hill Descent Control (опсег на работа 5-30 км/ч), која се нуди како дополнителна опрема кај верзиите на СУВ моделите со погон на сите четири тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK