Регистерска табличка продадена за три милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Регистерска табличка со само една буква е продадена во Хонг Конг за неверојатни три милиони евра. Имало дури 60 надавања пред да се стигне до рекордната цена.

Ова се случи минатата недела на државната аукција во Хонг Конг, каде што купувачот на регистрацијата со ознака „Р“ ја зголеми почетната цена од 500 евра на три милиони (25,5 ХК милиони). Целата сума ќе биде уплатена во државната каса од каде ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Ова е втора највисока цена за регистерска табличка платена во Хонг Конг. Рекордот го поседува буквата “W” за која биле платени 26 милиони ХК што било дури 5.200 пати повеќе од почетната цена.

Според Банкокпост, посебна карактеристика на регистарската табличка е поврзаноста со тркачките автомобили и традиционалното верување дека буквата „Р“ носи среќа.

Додека ја напушташе аукциската сала во конгресниот и изложбен центар Ван Чаи, победничкиот понудувач не сакаше да одговори на прашањата од медиумите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK