Во САД е претставен еден од најневеројатните и најлуксузни автомобили направени од Rolls-Royce – уникатниот Spectre Bailey, целосно посветен на домашно милениче, лабрадор-голден ретривер мешанец по име Бајли.
Автомобилот, чија цена се движи во рамките на пола милион евра, е резултат на повеќемесечна работа и тесна соработка меѓу сопственикот и мајсторите на британската марка. Секој детал е дизајниран да ја одрази личноста и изгледот на кучето.
Боја на каросеријата не е обична – туку двобојна комбинација инспирирана од крзното на кучето. Во кабината, меѓу задните седишта, се наоѓа вистинско ремек-дело: портрет на Бајли изработен со техника во која се користат повеќе од 180 парчиња фурнир за создавање неверојатно реалистична слика без употреба на вештачки бои.
Внатрешноста е обложена со кожа во нијанси кои го одразуваат крзното на кучето – комбинација од Moccasin, Crème Light, Dark Spice и Casden Tan. Дрвените панели се направени од Royal Walnut со висок сјај, што дополнително го нагласува луксузот.

Бајли буквално оставил „печат“ врз автомобилот: отисок од неговата шепа, рачно насликан со розово злато, е вграден во линијата на каросеријата (Coachline) и на патничката табла.
Spectre Bailey не е само автомобил, туку љубовен омаж на еден сопственик кон своето куче. Со ексклузивниот дизајн и детали, овој Rolls-Royce е еден од најнеобичните автомобили што некогаш излегле од фабриката на британскиот производител.










