Рендер за фејслифтот на Alfa Romeo Giulia

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo GIulia во понудата на италијанскиот прозиводител датира уште од 2015 година. Оттогаш па се до денес или цели 6 години нема никакви промени во поглед на измена на дизајнот. Не е претставен ниту еден фејслифт, а уште помалку нова генерација.

Шпанскиот сајт за автомобилизам motor.es објави рендер од можниот изглед на фејслифтот на првата генерација од овој модел.

Димензиите и формата се идентични како и кај актуелната генерација. Дизајнот е различен од оној на Марко Тенконе, па тука може да се забележат линиските предни светла и дизајнерската филозофија применета кај моделот Tonale кој доаѓа следната година.

Иако нема официјални информации, се очекува фејслифтот да дебитира кон крајот на 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK