Работниците во Audi ќе добијат по 8.500 евра бонус

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија отсекогаш важела за „дарежлива“ кон своите вработени особено што секоја година имаат се подобри финансиски резултати. Audi објави колку бонуси ќе добијат 55.000 вработени во оваа компанија.

На годишната конференција, Audi имаше со што да се пофали. Кај брендовите Bentley, Lamborghini и Ducati добивката по оданочување изнесувала дури 7,12 милијарди евра.

Oколу 55.000 работници на Audi во Германија добиле увид во планот за распределба на профитот, а квалификуваните работници ќе добијат бонус од дури 8.500 евра.

Минатата година Audi испорача само 1,6 милиони автомобили, што е најслаба продажба од 2013 година, но благодарение на високите цени и високиот процент на поскапи возила и вклучувањето на производителот на луксузни автомобили Bentley во билансот на Audi за прв пат, вредноста на продажбата е зголемена за 16 отсто на рекордни 61,75 милијарди евра.

Брендовите Bentley, Lamborghini и Ducati придонесоа со 1,4 милијарди евра во оперативниот резултат. Вишокот пари значи дека треба да се распределат некаде. Акционерите ќе профитираат, а дел ќе одат на нови инвестиции, особено во Кина, која е пазар со барања, но дел ќе оди и кај работниците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK