Првиот семафор наполни 150 години

ОБЈАВЕНО НА:

Пред точно 150 години беше поставен првиот семафор во светот, а тоа се случи во Лондон. Иако сега семафорот е нешто неизбежно на секоја раскрсница, пред 150 години сите поважни сообраќајни правци и раскрсници биле регулирани од полицајци. Тоа почнало да се менува во 1868 година кога во Лондон пред Вестминстерската палата бил поставен првиот семафор.

Со повеќе од 1.000 смртни случаи на улиците на Лондон на почетокот на втората половина на 19. век, надлежните морале нешто да направат за да го доверат в ред сообраќајот во главниот град, а железничкиот инженер Џон Пик Најт го знаел решението.

Како што се наведува, имајќи го предвид звањето на пронаоѓачот, не изненадува фактот што првиот семафор потсетувал на железничка сигнализација, а бил рачно контролиран од страна на полициски службеник.

За ноќен режим тука биле црвената и зелена гасна светилка.

„Директната контрола на движење ’тргни-застани’ не му се допаднала на викторијанското либерално друштво“, вели за En-Bi-Si, Дејвид Руни од Универзитетот во Лондон. „Кариерата“ на првиот семафор била кратка, а после само месец дена работа, истекувањето на гас предизвикало серија на експлозии во кои еден полицаец претрпел сериозни повреди.
Оттогаш Лондон чекал речиси пола век на електрични семафори, кои на средината на дваесетите години на минатиот век пристигнале од САД и почнале да се поставуваат на бројни сообраќајници во градот.

Модерните електрични семафори се американски изум, а првиот бил со црвени и зелени светла и бил поставен во 1912 година во Солт Лејк Сити. Го измислил полицаецот Лестер Вајер, а се наведува дека во истиот град пет години подоцна почнал да работи и првиот вмрежен систем на семафор, кој се управувал од едно место и кој го регулирал сообраќајот на шест раскрсници. Автоматската контрола на вмрежени раскрсници е воведена во март во 1922 година во Хјустон во Тексас.

Првиот семафор кој го регулирал сообраќајот во сите четири правци на раскрсница и со три бои е направен во 1920 година во Детроит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK