Промена: Ниту „мајка им“ не би ги препознала (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На социјалните мрежи во последниот месец најголема популарност има хаштагот #10yearschallenge, на кој луѓето објавуваат разчини фотографии од едно и исто нешто, но со разлика од десет години.

Оттаму интересно е да се види како се сменети автомобилите за овој период.

Покрај тоа што животниот циклус на секој модел е од 5 до 7 години има и исклучоци, а тие се однесуваат за многу поуспешните автомобили.

Како што можете да видите има неколку модели кои за период од десет години воопшто се немаат изменето. Како што се вели. Ниту родената мајка нема да ги препознае.

HYUNDAI SONATA

Во 2009 година завршува животниот циклус на петтата генерација на Sonata (NF), но и покрај тоа некои пазари сè уште го нудат четвртиот (EF), кој исто така е многу популарен благодарение на богатата опрема и прифатливата цена. На долната фотографија е последната генерација на моделот, кој се појави во 2015 година, а во 2017 година беше сериозно обновена. Генерално, има огромна разлика како со EF, така и со NF.

TOYOTA RAV4

Во Toyota секогаш имало проблеми со оригиналноста на дизајнот, кои не ја одминуваат и третата генерација на популарниот кросовер. Тој се произведува до 2012 година и според многумина изгледа безлично, иаок се забележваат неколку дизајнерски обиди за вметнување на карактеристични елементи. Во петтата генерација сè е сменето и нема никаква врска со нејзиниот дедо. Остри линии на задните светла и импресивна решетка на радијаторот го нагласуваат стилот на моделот, кој, сепак, не им се допаѓа на некои фанови на брендот.

KIA SPORTAGE

Втората генерација на Kia Sportage се произведува до 2010 година. И последното нешто кај неа, кое остава впечаток е дизајнот. Тој изгледа доста заостанат во споредба со тој на конкурентите, а истото се однесува и за внатрешноста. Сепак, автомобилот победи благодарение на неговата прифатлива цена и голема безбедност. Целосната промена се случува кај следната трета генерација, која е направена од нула. Резултатот е необичен и извонреден кросовер, кој еволуира во сегашната петта генерација. Оваа машина изгледа импресивно и продолжува да ги привлекува клиентите.

MITSUBISHI PAJERO SPORT

Mitsubishi Pajero Sport е еден од последните Мохиканци во сегментот на СУВ возилата изградени на рамна конструкција. Затоа и логишно се појавува прашањето: „Зошто треба да се менува“? И покрај тоа, во компанијата одлучиле да го направат и резултатот е видлив, иако е доста изненадувачки. Ако порано Pajero Sport беше еден од фаворитите на фановите на оф-роуд, новата верзија со овие хромирани елементи наликува на сè друго освен на СУВ.

MAZDA 3

Во последните 15 години, Mazda има направено многу емотивни автомобили, кои се одликуваат со светол изглед и интересни стилски решенија. Моделот од 2009 година се вика „Јапонскиот Алфа Ромео“, но тој од 2019 година е уште поимпресивен. Јапонците тврдат дека „ја подобриле филозофијата на дизајнот на Kodo“, откако го следеле правилото „Less to more“ (помалку, подобро). Идејата е да се отстранат сите работи што се вишок и да се вложи на сенка и светлосна игра. Резултатот е навистина забележителен!

NISSAN X-TRAIL

Втората генерација на Nissan X-Trail се произведува до 2013 година, а изгледа брутално благодарение на неговата квадратна форма. Некои верзии добиваат дополнителни светла, кои се интегирани во шините за кревање на багажникот, а сопствениците на автомобилот тврдат дека тој се справува подобро надвор од патот. Следната генерација по ништо не наликува на претходникот, а некои друи ги мешаат X-Trail со покомпактниот Qashqai, бидејќи двата модели навистина личат еден на друг. Исто така е факт и дека Nissan X-Trail веќе прераснува во градски семеен кросовер.

MERCEDES-BENZ A-CLASS

Првите две генерации на овој модел наликуваат повеќе на компактни комби возила отколку на класичен хечбек. Германците очигледно не го добија најсветлиот, но го направија овој автомобил убав и се вклопуваат во практичноста и големиот внатрешен простор. Крајниот резултат е модел, кој на многумина не им се допадна. Сегашната А-Class е нешто сосема друго. Се работи за брз хечбек со агресивен дизајн и со сопствена AMG-верзија, која изгледа уште повпечатливо. Подобрувањата даваат резултат и продажбата на моделот е зголемена.

TOYOTA CAMRY

Како и кај повеќето модели на Тoyota, и Camry не се купува поради дизајнот. Неговите предности се друго. Има богата опрема, сигурност и удобност. Ова е генерацијата XV40 од пред десет години. која тешко може да се нарече „убав автомобил“. Сегашниот Camry е различен бидејќи Јапонците одлучија да стават малку емоции во автомобилот. Тој дури има и спортска верзија, која исто така покажува сериозен развој.

VOLVO XC90

Првата генерација на Volvo XC90, која уште се произведува во Кина беше класично Volvo. И покрај тоа што изгледа како куфер, овој автомобил има одличен V8 мотор, развиен од Yamaha, што го прави уште поуспешен. Втората генерација е чиста револуција од страна на дизајнот, а нема ништо заедничко со неговиот претходник. Единственото што ги поврзува двата кросовери се оризонтални ориентираните фарови.

BMW 7-SERIES

Се верува дека класата на репрезентативни седани е најконзервативната. „Седумката“ на BMW (F01) е четвртата генерација на моделот, а кај неа промените во споредба со претходникот се минимални. Тоа не е случај со моделот од 2019 година, каде промените се значајни. Разликата меѓу овие два автомобили е само десет години, но е доказ дека за овој период класата се има кардинално сменето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK