Професија што се бара: На Европа итно и требаат возачи на автобуси!

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 1,2 милиони возачи на автобуси ќе се пензионираат во следните пет до десет години, додека бројот на нови возачи е многу помал

Веста за заминување на група возачи од ЈСП во Германија деновиве беше интерсна во македонските медиуми. Факт е дека во Европа почнува да расте интересот за возачи на автобуси кои може да станат дефицитарна професија, а со тоа и доста платена.

Меѓународната асоцијација за патен транспорт (ИРУ) изрази загриженост за недостигот на персонал, а една студија покажала дека недостигот на возачи на автобуси во Европа е зголемен за 54% во споредба со минатата година.

Прогнозата до 2028 година во овој сегмент од транспортот е прилично мрачна. Се очекува недостигот на возачи да се удвои на 275.000 слободни работни места за пет години.

Во Европа во моментов има 105.000 непополнети позиции за возачи на автобуси, што е 10% од вкупниот број на луѓе кои работат во сегментот на превоз на патници. Персоналот старее. Од вкупниот број на возачи, само 3% се помлади од 25 години, а само 16% се жени.

Извештајот на ИРУ зборува за недостиг на возачи за 2023 година. Денес, повеќе од 80% од операторите на пазарот за превоз на патници се соочуваат со сериозни или многу сериозни тешкотии во пополнувањето на испразнетите позиции. Проблемот е особено акутен на регионалните, меѓуградските и туристичките рути.

Недостигот на возачи на автобуси во Европа се очекува да се удвои до 2028 година. Повеќе од 1,2 милиони возачи на автобуси ќе заминат во пензија во следните пет до десет години, додека бројот на нови возачи е многу помал.

Без мерки за привлекување и задржување на возачите, до 2028 година во Европа би можело да има повеќе од 275.000 непополнети работни места за возачи на автобуси. Само 16% од возачите на автобуси се жени, што е под просекот и за транспортната индустрија (22%) и за работоспособното население (46%).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK