Веројатно требаше да се случи кризата со коронавирусот за продажбата на нови автомобили во Кина да покаже зголемување. Според официјалните продажни резултати за април, во Кина е остварено зголемувае на продажбата за 0,9% споредбено со април минатата година.
Ова практично претставува прв процентуален пораст на продажбата по 2018 година, а особено кога изминатите два месеци продажбата се намалуваше за повеќе од 50%. Токму поради рекордно ниската продажба во февруари и март, проджбата во првите четири месеци споредбено со истиот период минатата година забележа пад од 32%.
Сепак експертите се оптимисти и очекуваат кинескиот пазар на нови автомобили најбрзо да заздрави споредбено со останатите големи пазари. Предвидуваат дека во наредните месеци продажбата на нови автомобили континуирано ќе расте.