Премиерата на Volkswagen ID.7 закажана за 17 април

ОБЈАВЕНО НА:

Во зависност од интегрираната батерија, електричниот автомобил ќе може да нудат слободен дострел до 700 километри.

Volkswagen откри нови детали за својата нова и 100% понуда на електричниот ID.7, најавувајќи дека премиерата на моделот ќе се одржи на 17 април.

Електричниот предводник на Volkswagen, ID.7, ќе биде достапен на пазарите во Европа, Кина и Северна Америка. Продажбата почнува пред крајот на оваа година.

„Со ID.7 дополнително го развивме потенцијалот на MEB (платформата)“, коментира Каи Гриниц, член на управниот одбор одговорен за развојот на компанијата. „Користевме и нов, помоќен и поефикасен електричен мотор. Покрај тоа, го подобривме квалитетот на управување и на тој начин успеавме дополнително да го зголемиме комфорот при возењето. Комбинацијата на супериорен погонски систем, удобно подвозје и голема километража го прават ID. 7 совршена лимузина за патување на долги релации“.

Од Volkswagen велат дека погонскиот систем на ID.7, кој може да се комбинира и со адаптивна суспензија, е оптимизиран имајќи ја предвид идејата за енергетска ефикасност, а во зависност од интегрираната батерија, електричниот автомобил ќе може да нудат слободен дострел до 700 километри.

Во исто време, модулот на батеријата ќе може да се полни каде што е можно, со капацитет до 200 kW.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK