Познати кандидатите за “Автомобил на годината” за 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Организацискиот одбор на “Автомобил на годината” составен од претставници на Шпанија, Италија, Холандија, Велика Британија, Шведска, Франција и Германија ги објавија 34-те кандидати за оваа престижна награда.

Најмногу номинации имаат Toyota, BMW и Mercedes. Така на листата кандидати се наоѓаат Toyota Camry, Toyota Corolla, Toyota RAV4, Toyota Supra, BMW Series 1, BMW Z4, BMW, X6, BMW X7, Mercedes CLA, Mercedes EQC, Mercedes GLB и Mercedes GLS.

Renault има три номинирани кандидати и тоа моделите Captur, Clio и Zoe. На листата може да се најдат и Ford Puma, DS3 Crossback, Mazda 3, Mazda CX-30, Kia e-Soul, Nissan Juke, Opel Corsa, Peugeot 208, Range Rover Evoque, Subaru Forester и Tesla Model 3. Бројни номинации имаат и автомобилите на Volkswagen Групацијата и тоа Volkswagen Golf, Volkswagen T-Cross, Skoda Scala, Skoda Kamiq, Porsche 911, Porsche Taycan, Audi E-Tron.

Единствен италијански претставник е Ferrari F8 Tributo.

За потсетување, за 2019 година најдобар автомобил беше одбран Jaguar I-Pace кој во финалето успеа да го победи Alpine A110. Победникот ќе биде познат на 2 март следната година откако во ноември ќе бидат објавени финалистите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK