Иако викендов требаше премиерно да биде претставена спортската GR-4 верзија на моделот Yaris, сепак истата е одложена, а причината е пожар.
Оваа верзија на Toyota Yaris требаше премиерно да биде претставена за време на релито во Австралија, но поради пожарите кои беснејат во Нов Јужен Велс, рели трката е одложено, а со самото тоа и премиерата.
“Тимот на Toyota е потресен од оваа катастрофа во наашата заедница. Ние сакаме да подадеме рака за поддршка на оние кои се погодени од пожарите. Затоа ние и нашата матична компанија од Јапонија обезбедивме четвртина од милион долари за поддршка на војската на Австралија (која се справува со пожарите)” изјави претседателот на Toyota Australia, Метју Колашор.
Кога ќе се одржи одложената светска премиера останува непознато.