Porsche го зголеми сопствеништвото во Rimac Automobili

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Porsche кој е дел од Volkswagen Групацијата објави дека го зголеми своето сопствеништво во хрватската компанија Rimac Automobili.

Според ова, Porsche сега поседува 15,5% од акциите во оваа компанија откако претходно купи 10% за околу 18,7 милиони евра.

“Porsche цела година го следи позитивниот развој на фирмата” изјави Луц Мешке, заменик претседателот на извршниот одбор и главен финансиски директор на Porsche. Тој додаде дека и двете фирми може многу да научат едни од други и дека тоа ќе придонесе за напредок во поглед на електрификацијата.

Покрај Porsche, дел од акциите во оваа надежна хрватска компанија поседува и Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK