Со помош на смартфоните: Страв од хакирање на милиони автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Стравот дека хакерите можат да добијат пристап до милиони возила во светот расте, како што се зголемува и бројот на нови апликации за отклучување и заклучување на возилата со еден допир на екранот од паметната мобилка.

Новиот тренд меѓу производителите на автомобили, мобилката да се претвори во далечински управувач за автомобилот е атрактивна, но според интернет порталот Wired не е практична зашто мобилните телефони лесно може да се хакираат.

Апликациите овозможуваат на сопственикот, со паметната мобилка да го лоцира автомобилот, да го отклучи, да го заклучи, дури и да го повика сам да се довезе до сопственикот. Но, тоа значи, дека и хакерот може од далечина лесно да пристапи до возилото.

А, Wired открива колку е лесно да се хакне автомобилот поврзан за мобилен телефон, дури и да го стартува моторот.
Причината за загриженост порасна и по откритието од тим истражувачи на Kaspersky, дека повеќето апликации за андроидите со кои се контролираат возилата, немаат значајна заштита, со што хакерот може да ја пробие заштитата на телефонот или да го наведе корисникот сам да инсталира опасен код со што ќе му овозможи пристап и до автомобилот.

„Зошто програмерите за апликации за конектирање на автомобилот не размислуваат за заштита, како што тоа го прават програмерите за банкарски апликации? И тие контролираат предмети кои се вредни за сопственикот, а не се размилсува за заштитни механизми“, вели Виктор Чебишев, истражувач на Kaspersky.

Еден од начините за хакерот да пристапи до мобилниот клуч од автомобилот е преку рутирање на мобилката. Односно, рутирање на Андроид е постапка со кој корисникот на паметниот телефон добива привилегии со кои го команда телефонот и ги надминува ограничувањата кои производителот ги поставил за корисникот на мобилката. Штом хакерот го рутира мобилниот, може да пристапи до податоците за логирање и да ги прати каде сака.

Друг начин за пристап е да се инсталира опасен софтвер, кој се активира штом се употреби апликацијата и се крадат потребните податоци за пристап до возилото.

Според истражувачите, апаратите кои го користат iOS системот се потешки за хакирање, но не и невозможни зашто апликациите се развиваат пред да стигне заштитата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK