По Кина, Ford Territory ќе ја освојува и Јужна Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Откако ја исполни целта, во поглед на продажните бројки, моделот Territory на Ford го осовјува глобалниот пазар. Како што наведува американскиот производител наскоро започнува продажбата на овој модел и во Јужна Америка.

Станува збор за SUV кој од 2018 година во Кина го произведува заедничката компанија на JMC и Ford. Се базира на моделот Yusheng S330 па оттука и големата сличност со овој SUV. Должината изнесува 4.580 мм, ширината 1.936 мм, висината 1.674 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.716 мм.

Во понудата во Кина, достапен е само со 1,5 литарски I4 турбо-бензински мотор со 141 КС, а во Бразил, ќе биде понуден со истата кубикажа на моторот, но со 148 КС.

Нарачките за овој модел во Аргентина и Бразил се веќе овозможени, а продажната цена на овој модел во Аргентина изнесува 41.600 американски долари.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK