Петте најбезбедни автомобили во светот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Без разлика за каков автомобил станува збор односно дали е нов или стар основниот факт при неговото купување останува безбедноста.

Експертите на Carsweek оттаму направија свое рангирање за Топ 5 најбезбедни возила кои се на 4-5 години старост, а притоа се користени и податоци од нивната километража во овој период и бројот на несреќи кои ги имале.

Кои се петте автомобили можете да видите во продолжение.

1.Porsche 911

Како и во повеќето други рангирања, на прво место е спортското купе Porsche 911. Сепак, се вели дека тоа не е особено објективно, со оглед на тоа што овие возила имаат помалку километража од другите, околу 40.000 километри за 4-5 години. Статистиката кај нив покажува дека 3,6% доживеле дефекти.

2.Mercedes-Benz B-Class

Во овој случај за пет години, автомобилите од овој модел имаат просек на поминати 57.000 километри за периодот кој е земен предвид. Бројот на дефектите кај нив во овој период е 4,9%.

3.Audi Q5

Кросоверите стануваат сè пополуарни на светските пазари и во согласност со моделите од таа класа се возат повеќе. Кај Audi Q5 километражата за 60 месеци веќе достигна 84.000 километри, а проблемите се откириени кај 5% од возилата.

4.Renault Captur

Францускиот модел ужива сериозна заинтересираност од страна на клиентите во Европа, а се покажа дека е доста безбеден. При километража од 75.000 за 4-5 години, има дефекти кај едвај 5,3% од автомобилите. Тоа е и единствениот достапен автомобил на располагање во ова рангирање.

5.Audi TT

Средната километража на ова купе за периодот е 53.000 километри, додека дефектите се отчитани кај 5,5% од автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK