Пешаците на удар: За 4 часа казнети 240 лица!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако досега постојано се мислеше дека само возачите се на удар на засилените контроли на полицијата, последниве денови се повеќе казни заработуваат и пешаците. И тие како учесници во сообраќајот не ги почитуваат правилата, па полицијата сега „удри“ и по нивниот џеб. Во многу случаи е повеќе од потребно за и пешаците да знаат дека и нивните постапки понекогаш може да доведат до незгоди.

Во текот на вчерашниот ден (сабота, 12 февруари 2022) во периодот од 10 до 14 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 240 пешаци.

Притоа 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло…Од нив 85 на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,…
За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци.

Засилените контроли на полицијата ќе продолжат и во иднина, а пешаците секако ќе бидат под мониторинг за нивните постапки во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK