Во Грција влез со Рапид тест – деца до 12 години без тестирање

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за здравство на Грција објави дека ги олеснува правилата за влез во земјата за државјаните од земјите од тн. зелена листа. ЕУ ја тргна Македонија од ризичните земји, и амбасадорите на ЕУ вчера се согласија дека за Македонија, Албанија и Србија треба да се укинат рестрикциите за несуштински патувања, одлуката треба да биде официјализирана во следните денови.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас објавил дека за дравјаните на земјите што се на зелената листа ќе биде влез со брз тест за ковид наместо со ПЦР, а за децата под 12 години, нема да биде потребен тест. За оние од портокаловата и црвената листа, правилата остануваат непроменети, односно задолжителен е тест за сите со наполнети шест години.

Ако Македонија за некој дне биде ставена на листата на „зелени земји“ тогаш веројатно уште поголем број на туристи ќе тргнат кон летувалиштата на југ, исто како и туристите од Србија.
Засега остнува правилото, целосно вакцинираните може без проблем да влезат, другите треба да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа, и се разбоира пополнување на задолжителниот прашалник за влез.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK