Турските хотели ги креваат цените за странците!

ОБЈАВЕНО НА:

Хотелиерите од Турција постигнале договор во 2020 година да не ги зголемат цените за собите за локалните туристи, туку тоа да го направат само за туристите од странство. Тоа го објави претседателот на туристичката агенција Jolly Tur, Метер Вардар, пишува турскиот весник „Hurriyet“.

„Кога годинава потпишавме договори со хотелиерите, ние не ги прифативме нивните барања за покачување на цените. Во октомври ја почнавме кампањата за рана резервација. Во 2020 година турските туристи ќе можат да одат на одмор без да има некакво зголемување на хотелските цени“, вели Вардар.

Во текот на ова лето, туристичкиот пазар во Турција значително се намалил поради зголемувањето на цените како резултат на слабеењето на турската лира во однос на доларот и еврото. Тоа го потврдува и првиот човек на Асоцијацијата на турските туристичски агенции (TURSAV), Фируз Багликаја.

Тој презентира податоци кои велат дека турските туристи за своите одмори платиле 40% повеќе отколку пред 2018 година. Причина за тоа бил фактот што хотелите одделиле помалку место за локалните туристи, а дале предност за странските туристи поради посилниот курс на доларот и еврото во однос на турската лира.

Во текот на следната година хотелиерите ќе пристапат поинаку и ќе се зголеми бројот на домашни туристи за 30-40%. Според зборовите на Метер Вардар во просек пет милиони жители на Турција купуваат туристички пакети додека во 2019 година тоа биле 3,5 милиони.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK