Туристички регион каде се казнува до 2.500 евра ако не носите соодветни обувки

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите во текот на летото да заминете во популарниот италијански туристички регион Чинкуе Тере и не носите соодветни обувки можете да бидете казнети со глоба до 2 500 евра! Носење на апостолки, обувките со ремчиња и сандали се причина за редица непријатности и инциденти со туристи по стрмните, патеки меѓу рибарските села.

Планинските спасителни служби веќе го губат трпението поради лошо облечените туристи и сега локалните власти преземаат строги мерки. Ќе има информативна кампања за информирање на посетителите, пред да се воведат глоби во размер од 50 до 2500 евра, а сумата зависи од причините за незгода и трошоците направени при спасувањето на туристи.

“Проблемот е, кога луѓето доаѓаат тука мислејки дека са на морскиот брег, но патеките над селата со како планински патеки”, вели за британскиот “Телеграф”, Патрицио Скарпелини, раководител на националниот парк Чинкуе Тере.

Во 2018 година локалните спасители морале да помагаат на германски туристи, тргнале да се движат по стрмните патеки со бебешка количка, како и на маж кој имал метална шипка на ногата и таа останала заглавена на скала. Доброволците од локалниот спасувачки клуб велат дека патеките тука се како алпинистички и не треба да ги потценуваат туристите.

Чинкуе Тере е сè попопуларен регион меѓу туристите и од 2016 година се воведени и такси. Според локалните туристички органи секојдневно има во регионот по 1,5 милиони туристи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK