Српските туристи ќе ја скокнат Македонија – на одмор во Грција ќе патуваат преку Бугарија

ОБЈАВЕНО НА:

Последните високи бројки на заболени од коронавирусот во Македонија се следи и во соседството, особено во Србија чии граѓани се надеваат на брзо отворање на гранците и заминување на одмор во Грција. Но, традиционалните туристи од Србија веќе се подготвуваат за алтернатива – наместо преку Македонија до плажите во Грција да стигнат преку Бугарија.

На социјалните мрежи на групите популарни каде граѓаните разменуваат најразлични информации за патувања и одмор во Грција се почесто се поставуваат прашања каде и како да се вози од Србија до Халкидини, Кавала или некое друго туристичко место во Грција.

Се разменуваат информации каков е патот, каде има ресторани за одмор па дури и апартмани за преспивање. Доколку решат да возат од Србија до Грција преку Бугарија, српските туристи ќе имаа за околу 1,5 час подолг пат плус околу 40 км. повеќе за возење и околу 20 евра повеќе за бензин и патарини.

Новата рута по која планираат на патуваат српските туристи

Наместо традиционалната рута, на пример од Белград преку Ниш, Прешево, Куманово, Скопје, Гевгелија – Солун, сега туристите би оделе на рутата Белград – Ниш, Пирот, Софија, Благоевград, Сандански, Серес – Солун.

Сепак кај многумина постои оптимизам дека границите ќе се отворат брзо и нема да има ограничувања. Така и побрзо би стигнале до Грција со оглед на тоа што низ Македонија е целосен автопат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK