После ова ќе размислите дали и во кои хотели ќе престојувате (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во време на пандемијата од коронавирусот во хотелите постојат посебни протоколи во однос на хигиената и дезинфекцијата, за да можат гостите да се чувствуваат безбедно. Но, некои хотели и не се придржуваат кон таквите протоколи и основните хигиенски правила. За среќа направената тајна инспекција се однесува за Њујорк, па не може да се тврди дека и на други места во светот сопствениците и менаџерите се однесуваат исто.

Екипата на емисијата Инсајт Едишн (Inside Edition) тестирала неколку хотелски соби во Њујорк. Користеле невидлив спреј кој се гледа само под УВ светло (слично како и при гласање). Така ги означувале постелнината, јастуците, пешкирите…

Но, и површините што гостите редовно ги допираат како што се столчињата, површините на масите, далечинските управувачи, термостаите за регулирање на температурата на климата.

Следниот ден откако гостинот ќе се одјави од хотелот, повторно се изнајмува истата соба, но под друг член на емисијата. Проверката покажала дека ознаките се уште бил еприсутни, што докажува дека постленината не била сменета а површините не биле дезинфицирани.

Во време на коронавирус тоа е крајно алармантно и неодговорно од страна на хотелите.

За само десетина дена видеото има над 780.000 прегледи и повеќе од 2.000 коментари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK