Пилотите на Ryanair ќе штрајкуваат!

ОБЈАВЕНО НА:

Ако во следниот период планирате да патувате со авионите на Ryanair треба да знаете до полноќ на 4 септември тие во два наврати ќе штрајкиваат. Одлуката за штрајк е изгласана од членовите во британскиот пилотски синдикат и ќе стапи на сила при крај на месецов. Се очекува ова да доведе до блокирање на повеќе летови и да предизвика хаос на аеродромите.

Причината за незадоволството на вработените е спорот со раководството околу работните услови, соопшти британското здружение на пилоти. Според пилотскиот синдикат, ќе има дводневен штрајк на пилотите на Ryanair од 22 август и вториот штрајк е најавен од раните утрински часови на 2 септември, па се до нешто пред полноќ на 4 септември.

Ако имате лет во овој период проверете дали вашиот авион ќе летне, и ако можете сменете си ја рутата или компанијата/

Во емаилот испратена од британското пилотско здружение до своите членови, синдикатот соопшти дека нејзините членови испратиле многу јасна и силна порака до компанијата и дека 79,5 проценти од гласовите се за штрајк. Британското пилотско здружение останува посветено на изнаоѓање решение за спорот со Ryanair.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK