Нема повеќе луксуз: Турција се откажува од All inclusive

ОБЈАВЕНО НА:

Туристичкиот сектор во Турција планира да се откаже од системот Аll inclusive, пишува весникот “Хуриет”. Информациjaта е од Конфедерацијата на трговци и занаетчии во земјата. Според
Конфедерацијата овој систем е веќе исцрпен и иако бројот на туристите го надмина нивото од 2014 година, приходите не се зголемуваат и дури намалуваат.

Турција е позната по овој систем All inclusive во кој гостите не плаќаат ништо, или многу малку за некои екстра услуги во хотелите во кои претстојуваат. Ова особено го користат семејства бидејќи многу често хотелите дозволуваат бесплатен престој и на две деца што е големо олеснување за семејниот буџет. А притоа сите го користат благодетите на All inclusive.

Турскиот министер за туризам и култура Мехмед Ерсој исто така, верува дека нешто треба да се промени и дека земјата мора да се стреми кон пораст на парите што еден турист ги остава во земјата.

Во моментов, според хотелиерите просечната цена на соба по ден е 76 евра. Се очекува во 2018 година Турција да биде посетена од 36 милиони туристи, кои ќе донесат приходи од околу 30 милијарди долари – 4% од БДП.

Најмногу туристи се од Русија – и лани имало 4,5 милиони, потоа следуваат Германците – 3,5 милиони.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK