Најлошите 13 авиокомпании за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата за компензации при одложување и доцнење на летови Airhelp состави класификација на светските авиокомпании според различни критериуми. Новото подредување е според квалитетот на услугата, навременото полетување и обработката на жалбите и одложените летови. Од сето ова се добива просечниот резултат.

Подредени се 72 меѓународни превезувачи, а тие се класифицирани на ранг листа од 10 поени кон 1.

Во продолжение можете да ги видите оние 13 компании кои се наоѓаат на крајот на списокот како најлоши авиокомпании за 2018.

  1. Tap Portugal – 6.4

Иако за авиокомпанијата се вели дека го има „најубавиот екипаж“ во светот, неа ја одбележува и ниското ниво за ефективност во однос на времето (69%), 6,05 поени за обработка на барања и 6 за квалитетот на услугата.

  1. Jet2.com – 6.37

Авиокомпанијата од Велика Британија добива висок резултат за навремени летови (85%) и 7 за квалитетот на услугата. Сепак, просекот паѓа поради оценката за обработка на барањата од само 3,83.

  1. Thai Airways – 6.36

Ова е авиокомпанија од Тајланд која одбележа умерени ниско ниво во однос на времето за полетување (69%) и при обработката на барањата на патниците (4,18 поени). Ова се навистина ниски оценки во однос на високиот квалитет на услугите каде се добиени осум поени.

  1. Jet Airways -6.20

Иднискиот превозник забележа 65% на навремени летови, а има оценка 7 за квалитетот на услугите и 5,62 при обработка на барањата.

  1. Aerolineas Argentinas – 6.20

Авиокомпанијата од Аргентина доби добра оценка од 85% за навремено исполнување на летовите и 7 за квалитетот на услугите. Сепак, има само 3,59 поени при обработка на барањата.

  1. Iberia – 6.13

Главната авиокомпанија на Шпанија има добиено 84% за навремено извршување на летовите и солидна 8 за квалитетот на услугите. Сепак, има критични 2,3 поени за обработка на барањата што ја поставува премногу ниско во класификацијата.

  1. Korean Air – 6.13

Јужнокорејскаа авиокомпанија доби 8 поени за квалитетот на услугата, но само 64% за навремени летови и 3,72 поени за обработка на барањата.

  1. Ryanair – 6.03

Ирската нискотарифна авиокомпанија се пласираше на 67. место во глобалната класиикација на AirHelp. Таа е оценета со 86% за навремено полетување, но само со 3,27 поени за обработка на барањата и 6 за квалитетот на услугите.

  1. Air Mauritius – 5.99

Оваа авиокоманија има добиено 8 поени за квалитетот на услугата, но има и 69% на навремени летови и 3,33 поени за обработка на барањата.

  1. Easyjet – 5.66

Авиокомпанијата од Велика Британија има 79% за навременост и 8 за квалитет на услугата. Сепак, многу ниската оценка за обработка на жалби на клиентите од само 1,31 е причина за ваквиот пласман.

  1. Pakistan International Airlines – 5.43

Превезувачот добива рејтинг на ефективност од 61%, а има и 4,22 поени за обработка на барањата на патниците и 6 за квалитетот на услугата.

  1. Royal Jordanian Airlines – 5.13

Авиокомпанијата од Јордан има високи резултати за навременост на летовите (83%), но е со низок резултат во класификацијата за обработка на барањата од неверојатно ниски 0,83. Има и 6 за квалитетот за услугата што е причина да се нзајде на 2. место како најлоша авиокомпанија според AirHelp.

  1. Wow Air – 5.04

Превезувачот од Исланд е на дното на класификацијата на AirHelp со најнискиот просечен резултат. Авиокомпаниајта има 75% точност на летовите, но само 1,68 за обработка на барањата и 6 за квалитетот на услугата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK