Најевтините и најскапите градови за резервација на хотел со 5 ѕвезди

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на туристички дестинации низ светот располагаат со хотели кои имаат пет ѕвездички, па оттаму е интересна споредбата околу тоа каде се најевтините, а каде најскапите хотели низ светот.

Според новото истражување најевтиниот град за сместување во хотел со пет ѕвезди е Анталија во Турција, а најевтиниот хотел во крајбрежната дестинација чини 39,62 долари за вечер, според информација од туристичкиот агент Globehunters, кој споредува 170 хотели низ целиот свет користејќи податоци од Price of Travel, за да го состави својот индекс со пет ѕвезди.

Градот е популарен кај туристите, дејствувајќи како врата кон јужно-средоземноморскиот регион на Турција, познат како Тиркизно крајбрежје.

Потоа следуваат Мексико Сити со 41.38 долари, Шарм ел-Шеик во Египет со цена од 50.51$, и Киев во Украина со 51.23$.

Студијата на Globehunters ги одреди 20-те најевтини градови за сместување со пет ѕвезди и 20-те најскапи. По сè изгледа дека најскапите дестинации се тие во Северна Америка, а во Топ 5 дури четири се градови од САД. Сан Франциско е сметан за најскап град, а притоа највтиниот хотел со пет ѕвезди е со вредност од 554,64$ од една вечер. Бостон е втор со 539,79%, а потоа следуваат Кјото со 534,17$, Њујорк со 469,59$ и Лос Анџелес со 445,69$.

Разликата меѓу највтинииот и најскапиот хотел со пет ѕвезди е огромна и е цели 515 долари.

Во продолжение можете да ги видите рангирањата.

НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ СО ХОТЕЛИ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ

1.Анталија, Турција

2.Мексико Сити, Мексико

3.Шарм ел-Шеик, Египет

4.Киев, Украина

5.Сием Реап (Ангкор Ват), Камбоџа

6.Фес, Мароко

7.Санта Ана, Ел Салвадор

8.Делхи, Индија

9.Гуилин, Кина

10.Куала Лумпур, Малезија

11.Манила, Филипини

12.Хо Ши Мин, Виетнам

13.Пекинг, Кина

14.Сараево, Босна и Херцеговина

15.Виентјан, Лаос

16.Хјуе, Виетнам

17.Бангкок, Тајланд

18.Москва, Русија

19.Гоа, Индија

20.Дубаи, ОАЕ

НАЈСКАПИ ГРАДОВИ СО ХОТЕЛИ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ

1.Сан Франциско, САД

2.Бостон, САД

3.Кјото, Јапонија

4.Њујорк, САД

5.Лос Анџелес, САД

6.Хонолулу, САД

7.Монтреал, Канада

8.Монако, Монако

9.Венеција, Италија

10.Вашингтон, САД

11.Чикаго, САД

12.Интерлакен, Швајцарија

13.Рио де Жанеиро, Бразил

14.Бриж, Белгија

15.Пуерто Плата, Доминиканска република

16.Сингапур, Сингапур

17.Торонто, Канада

18.Мајами Бич, САД

19.Куско (Мачу Пикчу), Перу

20.Цирих, Швајцарија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK