Македонија во Топ-20 вински дестинации во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Во последно време туристичките дестинации се рангираат и според винскиот туризам на земјата. Според најновото рангирање на британскиот сајт lastminute.com Македонија се наоѓа во Топ-20 светски дестинации за Wine Travel Index (Индекс на вински туризам).

Според Lastminute Македонија е на 19 место во рангирање во кое има 30 дестинации во светот. Според сајтот во Македонија има 5 винарии што се отворени за јавност во три региони.

Бидејќи станува збор за Британски сајт, ставени се и просечните трошоци за патување со авион, свестување и храна.
На првото место се наоѓа Италија, пред Франција и Шпанија. Од земјите од околината, Македонија се наоѓа за: Србија (8 место), Хрватска (9), Бугарија (13) и Грција (14 место).

Целиот индекс можете да го прочитате тука.