Ќе поевтини роамингот во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Со симнувањето на таксите за роаминг во рамки на земјите од Европската унија, корисниците на мобилни телефони ќе можат да сурфаат без грижи на своите телефони и да вршат меѓународни разговори. Европската унија сака да стави крај на високите цени за разговори со други држави членки.

Според новите тарифи вртењето кон својата земја од друга држава од Европската унија би требало да чини максимум 19 центи по минута независно дали се работи за телефонирање од мобилен или од статичен телефон. Цената на СМС порака ќе биде ограничена до 6 центи.

После одобрувањето на Европскиот парламент злено светло ќе треба да даде и Советот на земјите-членки. Потоа ќе следуваат дефинирањето на границата на новите цени, а тоа би требало да стапи на сила најдоцна до 15 мај следната година.

Уште во летото во 2017 година тарифите за роаминг за јавување од други земји на Европската унија беа тргнати.  Корисниците на мобилни телефони во рамки на Европската унија можат да се јавуваат, да испраќаат текстуални соопштенија или да сурфаат на интернет на истиот начин како да се дома. Разговорите од домашни мрежи кон странство не треба да бидат засегнати од овие правила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK