Каде е најевтино таксито – а каде најскапо

ОБЈАВЕНО НА:

Кога патувате во некоја земја едно од прашањата што си ги поставувате е дали д акористам јавен превоз или такси? Осбено од аеродрм до градот, или пак кога навечер ќе шетаме и треба да се вратиме во апартманот или собата. И секогаш мислиме дека во „побогатите земји“ користењето на такси превозот е „изгор скапо“.

Одговорот на овие прашања го дава HSBC кои за проценка гo земаат превозoт од аеродромот во соодветниот град. Различните растојанија меѓу аеродромите и градовите фрлаат сенка на самото патување и цената, но тоа ни покажува и колку е всушност сумата за такси услугата. Превозот кај нас е меѓу поевтините, и секако зависи дали ќе земете аеродормско или регуларно такси.

Но, како стојат цените во светот?
Транспортот од аеродромот до Каиро е најевтин начин -само 4,2 долари.
За 4,4 американски долари ќе се возите од аеродромот до центарот на Мумбаи и 4,9 долари во Тунис.
На четвртата позиција е Талин, каде возењето чини 7,32 долари и на петтото место е Софија со 8 долари.
Најскапиот превоз од аеродромот до центарот е во Токио, каде услугата чинеше 189,91 долари. Следно е Осло, Минхен и Женева каде ќе ви требаат сума од 100 долари.

Во Македонија, патувањето од аеродором до центарот на Скопје ќе ве чини 1220 денари (20 евра). Користење на автобус е само 3 евро!

Затоа, предлагаме малку да „просурфате“ и да се обидете да користите каде е можно јавен превоз. Тоа во многу земји е најсигурниот и најредовен. се разбира и многу поевтин. Но, ако морате да користите такси, внимавајте!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK