Каде даваат најголем бакшиш: Овде вреди да работите како келнер

ОБЈАВЕНО НА:

„Бакшиш не е град во Турција“! Вака духовито еден сопственик или келнер напишал на табла на ресторанот. Бакшиш, напојница, манча, трингелт… или како и да го викате делот од патите кои ги оставате на келнерот или келнерката во кафуле или ресторан се вообичаени речиси секаде низ Балканот, но речиси задолжителни во САД, но во некои земји низ светот ќе ги навредите ако се обидете така да им се заблагодарите.

Треба ли да оставите бакшиш и колку ако сте задоволни од услугата во кафуле или ресторан? Колку би требало да биде доволно за да им оставите по слободна проценка или би требало да се водите од некои универзално правило за 10%? Ако вечерата ве чинела 2000 денари зарем треба на келнерот да му дадете 200 денари? Сте дошле во ресторан, сте пресметале дека имате точно пари за она што сакате да нарачате, но сметката е поголема. За што се работи?

Навистина, можете ли во Македонија или некаде на друго место да дојдете во ресторан, да ги пресметате цените на јадењата и на крајот вашата сметка да дојде поголема за 500-600 денари или 10 евра.

Во одредени земји таканаречениот service charge од 12,5% е пресметан во цената и тоа е стандард во големиот број на ресторани. Во Италија така на сметката ќе најдете ставка „servizio“, во Франција „service compris“ итн. Во Франција 15% од сервисот автоматски е пресметан на сметките во кафулињата и рестораните, а парите одат кај сопственикот, не кај келнерот кој има фиксна плата. Во САД, приказната е поинаква бидејќи персоналот прима минимална плата додека другите требаат сами да зарабоатат преку бакшиш. Затоа таму бакшипт е речиси задолжителен и дел од таканаречената кулинарска економија. И додека во таа и бројни други земји е сосема нормално бакшишот да можете да го оставите и преку кредитни картички допишувајќи го рачно износот на сметката во Македонија тоа не е можно односно не е пракса бакшишот да се остава на таков начин бидејќи се плаќа данок.

Значи, в странство кога ќе добиете сметка и сакате да осавите бакшиш, а немате готовина кај себе, побарајте на сметката празна линија пред која ќе пишете „тип“ или каков збор сакате на јазикот на таа земја и допишете го износот со пенкало.

За да би биде појасно каде да го оставите бакшишот, а каде не, ве водине низ бакшишите во светските дестинации.

Њујорк, САД

Во Соединетите Американски Држави, како што и погоре е споменато давањето бакшиш на персоналот во рестораните и кафулињата е дел од економијата и подразбира дека на сметката ќе додадете уште неколку долари односно 15-20% од вредноста на сметката. Тоа важи и за таксистите, не само за келнерите и келнерките, па веќе при првото возење од аеродромот ќе се запознаете со тој обичај. Ако не оставите бакшиш, во САД прилично директно ќе ве потсетат за бакшишот при издавање на сметката „Service is not included“ или подиректно „Tip?“.

Токио, Јапонија

За повеќето Јапонци важи правилото: „Не оставајте бакшиш“. Дури и ако оставите нешто ситно, кога продавач во некоја продавница ќе ви врати голема е веројатноста дека таа личност ќе трча по вас за да ви ги врати парите. Имено, добрата услуга едноставно е дел од животот во Јапонија. Ако толку имате желба нешто да подарите знајте дека во Јапонија добрата услуга се наградува со мали подароци.

Пекинг, Кина

Ниту во Кина давањето на бакшиш не е вообичаена пракса односно надвор од големите хотели со странски туристи бакшишот се смета за увреда. Во хотелит на келнерите и келнерките им се остава десет проценти од износот, а на собарките неколку јуани или долари.

Истанбул, Турција

Бакшиш (bahşiş на турски) не е задолжитечен во евтините угостителски објекти, но секогаш се цени. Во нешто поскапите објекти особено во туристичките зони се очекува бакшиш во висина од 10-15 проценти од износот на сметката и тоа во турски лири. Ако не оставите ништо тоа се смета за навреда.

Прага, Чешка

Очекуваниот бакшиш во Чешка, особено во туристичките зони, е околу 10 до 15% иако никој нема да викне по вас и ако не ја дадете.

Будимпешта, Унгарија

И Во Унгарија важи правилото 10-15% од износот. Многу ресторани веќе ја вбројуваат во износот услугата па пред давањето на дополнителен бакшиш проверете дали веќе самите земале дополнителни пари.

Париз, Франција

Ако на сметката видите да пишува „service compris”, тоа значи дека сервисот веќе е вклучен во цената и нема потреба да оставате дополнителен бакшиш бидејќи обично сервисот веќе има земано 15% од вредноста на она што сте го консумирале. Францускиот персонал прима плата за својата работа малку повеќе од минималец, па она не е кој знае колку голема така што бакшишот и тоа како се цени.

Рим, Италија

Во Италија бакшишот не се очекува задолжително, но се цени ако оставите до 10% повеќе од износот на сметката. Ако на сметката пишува „coperto” тоа значи дека угостителот веќе земал пари за услугата.

Лондон, Велика Британија

Кога во Велика Британија добиете сметка, проверете што пишува на сметката бидејќи обично веќе е вклучен бакшиш од 10 до 15%, а тоа го гледате како „service charge”. Ако не е додајте. Во пабовите не е вообичаено да се даваат бакшиши.

Амстердам, Холандија

Во Амстердам постои законско правило според кое рестораните мораат сервисот да го вклучат во цената на јадењето за да се избегне за многумина фрустирачката политика на давање на бакшиш. Сепак, повеќето гости, сепак, оставаат неколку евра или 10% ако биле задоволни од услугата. И таксистите во својата цена го вклучуваат бакшишот и тоа однапред на својата сметка.

Лисабон, Португалија

Во водичите пишува дека во кафулијата се дава 5% од износот како бакшиш, а за рестораните тоа се зголемува на 10%. На таксистите не е задолжително да им се дава бакшиш иако секогаш многу се цени.

Барселона, Шпанија

Сервисот односно углугата обично е веќе вклучена во сметката па нема потреба за дополнителен бакшиш, но ако сте многу задоволни од услугата освете до 10% од износот или заокружете го износот на сметката. Во кафулињата не е вообичаено да оставате бакшиш.

Скандинавија

Во скандинавските земји сервисот секаде е пресметан во цената, но ниту тука никој нема да одбие ако му дадете бакшиш во висина од 5 до 10% од сметката.

Ст. Петерсбург, Русија

Во Русија давањето на бакшиш секогаш било работа на избор, но обичај е, сепак, да се остави 10-15% во рестораните, а во кафулињата да се заокружи износот. Сите бакшиши треба да бидат во готовина бидејќи немаат опција за додавање на износот по пат на плаќање со кредитни картички.

Маракеш, Мароко

Во Мароко се очекуваат напојници од 5 до 10% од износот на сметката, но и заокружување на износот кај таксистите.

Плаја дел Кармен, Мексико

Со оглед на тоа што Мексико во туристичкиот дел е прилично американизиран, не чуди што го усвоиле и правилото за давање на бакшиш од соседите, па на сметката додајте барем 10-15% од износот во рестораните додека во кафулињата и на штандовите можете да оставите помалку.

Дубаи, ОАЕ

Во Дубаи неретко сервисот е вклучен во финалниот износ на сметката и тоа околу 10% од сметката во хотелите, рестораните и баровите.

Кејп Таун, Јужноафриканска Репубпика

Во ЈАР важи правилото за 10-15% од износот на сметката како бакшиш за услугата, како и заокружување на износот за таксистите.

Бангкок, Тајланд

Во тајландските ресторани не морате задолжително да оставите бакшиш иако обичај е да се остават неколку бахти повеќе на масата.

Ханои, Виетнам

Во Виетнам обичајот е бакшишт да изнесува 10% од сметката. На таксистите не е задолжително да им се даде бакшиш.

Сием Реп, Камбоџа

Во Камбоџа се очекува барем еден до два долари, но секако можете да дадате и повеќе ако сте задоволни од услугата.

Катманду, Непал

Давањето на бакшиш во Непал како награда за добра работа, но не како нешто задолжително се дава на таксистите или на некој друг кој ве услужил. Рестораните некогаш вклучуваат и 10% бакшиш во финалната сметка, а инаку дајте 5-10% од износот од она што сте го консумирале.

Убуд, Индонезија

Во Индонезија давањето на бакшиш не е обичај, но со порастот на туристите и таму стана сосема нормална појава, па некои ресторани веќе вклучуваат на сметката 10% сервис.

Буенос Аирес, Аргентина

Во Аргентина е нормално да се остави бакшиш од 10-15 проценти од износот на сметката и тоа по можност во готовина.

Куско, Перу

Во туристичките делови обичлај е да се остави бакшиш кој изнедува 10-15 проценти од вредноста на сметката.

Сиднеј, Австралија

Келнерите во Австралија се пристојно платени за својата работа, па не е потребно да се остава бакшиш. Иако тоа не се очекува од вас, никој нема да ви замери ако дополнително ги наградите.