Десет малку популарни градови низ Европа кои заслужуваат да ги видите

ОБЈАВЕНО НА:

Во Европа има голем број на градови кои не привлекуваат голем број на гости. Веројатно тиe градови не ни планирате некогаш да ги посетите, но тие го заслужуваат тоа бидејќи имаат што да понудат.

Направената класификација од страна на британскиот „Телеграф“, нуди кратко претставување на секој од овие градови.

Оттаму вреди да се види какви се советите и што треба да посетите во тие градови.

1.Гдањск, Полска

Овој град е познат во историјата како местото каде почна Втората светска војна. Тука е роденото место на „Солидарност“. Ако патувате таму, ќе се насладите микс од средновековна, ренесансна и готска архитектура како на пример црквата „Дева Марија“, која е една од најстарите цркви во Европа. Моќе да се посетат и неколку морски и воени музеи. Замокот Малборк, е дел од наследството на УНЕСКО.

2.Бергамо, Италија

Ова место е игнорирано од туристите, за сметка на блискиот центар Милано. Бергамо е „најубавиот град на островот во Ломбардија“ според локалните ќители. Нема да зажалите, ако го разгледате. Во Бергмао има многу архитектурни споменици од 12 до 15 век. Меѓу нив е црквата „Санта Марија Маџоре“ изгрдена во 1137 година, параклисот „колеони“ од 15. век, ликовната гелерија „Карара“…

3.Сеговија, Шпанија

Тука може да се видат неверојатни погледи од римската епоха и инжинерство. Огромниот аквадукт изграден во 1-виот век од нашата ера се наоѓа во центарот на современиот град, доминирајќи над централниот плоштат. Не може да се пропушти и замокот „Алкасар“ и црквата „Вера Круз“.

4.Тавира, Португалија

За да се види како изгледала Алгарве пред масовниот туризам треба да се посети Тавира. Тука ќе се откри автентичноста на Португалија. Нема големи хотели, но има голем број на храмови, рибарски чамци ги имаа исполнето водите на реката Гилјау и секој локален жител има време да поразговара со посетителите.

5.Либек, Германија

Аеродромот Хамбург Либек се користи пред сè од туристи и патници за бизнис кои се упатуваат кон Хамбург. Сепак, Либек исто така е во близина, има многу работи кои се забележителни, кои може да се видат, а стариот дел е на списокот на УНЕСКО за културно наследнство. Градот често е нарекуван и „Венеција на Балтикот“. Градот е како остров заобиколен од реката Траве и е богат со историја, цркви, средновековни згради и пријатни плоштади.

6.Егер, Унгарија

На помалку од 100 милји од Будимпешта, Егер исто така е меѓу малку сонуваните дестинации. Гратчето е многу пријатно, со полни улици со кафеани, а таму е и најубавата барокна црква во Унгарија. Покрај тоа е познат и како винарски реон.

7.Марибор, Словенија

Локалците велат дека има само еден месец во годината во кој не треба да го посртувате Марибор. Во зимата тука може да се скија, со оглед на тоа што се работи за добро познат ски центар, а преку пролетта се одржува познат фестивал. Преку летото квартот Лент покрај реката Драва е завладеан од музичари и улични исполнувачи, додека преку есента блиските лозја го одбележуваат гроздоберот. Ноември е единствениот месец кој прави исклучок.

8.Гимараеш, Португалија

Ако еден град може да биде опишан како волшебен, тоа е Гимараеш. Пешачката зона во градот со улици со калдрма и алеи е чудесно место за прошетка, а после може да се опуштите во некоја од блиските кафеани или барови и да се насладите на португалските задоволства. Историскиот центар е дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Наречен е „лулка на португалската нација“ бидејќи е родното место на Алфонсо I — првиот португалски крал.

9.Нант, Франција

Веќе доста време овој град е сметан за едно од најдобрите места за живеење во Франција. Нант е главниот град на западна Лоара, а прераснал од провинциски град во значителен центар. Не пропуштајте можност да ја видите Катедралата. Тука е роден Жил Верн, а таму починал Луј де Финес.

10.Виторија-Гастејс , Шпанија

Се наоѓа во сенка на блиските Билбао и Сан Себастија. Ова е заборавено место во Баскија. Од рана вечер до полноќ атмосферта околу централниот плоштад е со преполни барови и забава на улиците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK