Ако решите да патувате: Топ – 10 авио компании за 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Сајтот AirlineRatings.com ги објави имињата на најдобрите авиокомпании за 2019 година. Првиот сајт од Австралија кој се занимава со авијација ги претстави резулатите како дел од годишните награди за различни постигнувања на авиолиниите.

Наградите на AirlinesRatings.com се определуваат од седуммина уредници на изданието, а има 12 основни критериуми по кои се одлучува за наградувањето. Тука се вклучени староста на авионите, критиките од патниците, рентабилноста, инвестицискиот рејтинг, понудата на производи и односот на персоналот.

На прво место за 2019 година е позиционирана нова авиокомпанија која става крај на петгодишното лидерство на Air New Zealand во рангирањето на сајтот. Компанијата од Нов Зеланд сега е на 2. место.

Во Топ 10 не се најде ниту еден авиопревозник од Европа и од Северна Америка.

10.Japan Airlines

9.Cathay Pacific Airways

8.EVA Air

7.All Nippon Airways (ANA)

6.Emirates

5.Virgin Australia

4.Qatar Airways

3.Qantas

2.Air New Zealand

1.Singapore Airlines

Следете не и на:

24AUTO NETWORK