Ако патувате во Париз: Поскапе влезницата за Ајфелова кула

ОБЈАВЕНО НА:

Есенва во повеќе европски градови има нови цени на некои од познатите туристички одредишта. Така на пример во Париз одсега за поглед на градот од Ајфеловата кула ќе треба да платите 25 евра, односно билетот е поскапен.

Досегашната цена беше 17 евра, доколку сакавте да го чекате лифтот и со него да се искачите на Ајфеловата кула. Понекогаш чекањето во ред за качување може да биде и неколку часа.

Но, цената што треба да ја платите е доколку сакате да се искачите на највисокото можно место што е дозволено за туристите. Ако пак ви е доволен погледот од вториот кат, тогаш може да поминете со 16 евра (наместо досегашните 11 евра).
Ако пак имате доволно кондиција, тогаш за уште помалку, за само 10 евра ќе можете да ги користите скалите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK