Ако патувате на Малта, овие места морате задолжително да ги посетите

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку патувате на Малта треба да знаете дека не е воопшто тешко да се најдат убави места. Целата земја изгледа преубаво, па каде и да погледнете ќе се насладувате на убавината на вистинскиот средоземноморски стил. Во главна улога во оваа островска земја е морето.

Во внатрешноста на земјата се наоѓаат некои од најубавите објекти како на пример градот Мдина. Покрај брегот ќе ги откриете најневеројатните сини лагуни во Европа. Плажите на Малта се вистински рајн на Земјата, а благодарение на средоземноморската клима и недопрената убавина.

Ви претставуваме пет од најпопуларните места кои треба да ги посетите во оваа мала, но исклучително убава земја.

1.Валета

Главниот град на Малта на прв поглед изгледа како морска тврдина. Градот кој е големо пристаниште се има претворено во вистински културен центар.

Тој е исклучително пријатен за прошетка со убави улици и преубави ресторани.

2.Сината лагуна, остров Комино

Овој залив со небесно сина вода е заграден со скали, кои допренесуваат за уште поголема убавина и привлекување на илјадници туристи. Сината лагуна е едно најпосетуваните места во Малта. До него може да се стигне со брод. Водата е кристално чиста и тиркизно сина.

3.Пристаништето во Валета

Преубавото крајбрежно шеталиште има премногу палми, клупи, чамци и бродови и е пријатно место за шетање. Глетката е исклучителна и пријатна.

Ако продолжите да се движите по должина на шеталиштетот ќе стигнете до мостот со катанци, на кој можете да закачите свој.

4.Мдина

Мдина е стариот главен град на Малта. Градот се наоѓа на врвот на едно ридче во централниот дел на островот. Познат е уште како „Тивкиот град“. Бројот на жители на тврдината е околу 300 луѓе.

Срцето на Мдина е преубавата катедрала Св. Павле.

5.Гозо

Гозо е мал остров, познат и како “Островот на Калипсо”. Тој е вториот по големина на архипелагот. Гозо е послабо населен и е познат по неговите живописни ридови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK