Француската организација Ledorga која меѓу другото е организатор за избор на европскиот “Gay Car of the Year” го објави победникот за 2019 година.
Како што соопштуваат оттаму, титулата за 2019 година припадна на Alpine A110 кој исто така е еден од финалистите за избор на автомобил на годината во Европа.
Оваа награда за прв пат е воведена во 2005 година и се доделува секоја година, а за разлика од другите награди, право на глас имаат сите членови на оваа организација. Прв автомобил кој се закитил со оваа титула е Mini Cabriolet во 2005 година, а веќе следната година наградата припадна на Aston Martin DB9 Volante.
Fiat е производителот со најмногу победи и тоа три пати, а наградени биле Fiat 500, Fiat 500C и Fiat 124 Spider. Минатогодишен победник е Mercedes-Benz E-Class Coupe